
Пратениците на Претставничкиот дом и Сенатот на Тексас изгласаа предло закон за отворено носење на оружје на улиците , во ова втора најнаселена американска сојузна држава, и истиот ќе биде испратен на потпишување на гувернерот Герг Абот.
Се очекува дека Абот, гувернер од редовите на Републиканската партија, овој закон ќе го потпише и со тоа ќе ја укине забраната за отворено носење на оружје која во Тескас е на сила уште од периодот после Граѓанската војна, пренесува агенцијата АП.
Сопствениците на оружје и понатаму ќе мора да имаат дозвола за носење на оружје, ама и истото ќе може да се носи на појасот и притоа нема да има потреба да се сокрива под облеката, односно да се сокрива.
Во Тексас, познат по Дивиот запад, и каубојците и еден од најслободните закони за носење на оружје во САД, последните 20 години било дозволено носење на оружје, меѓутоа истото морало да биде сокриено.
На сопствениците со дозвола за носење на сокриеното оружје дури му било дозволено во тексашкиот Капитол да не минуваат низ детекторот за метал, бидејќи автоматски се потпишувале дека се вооружени.
Сепак, Тексас беше една од самите шест сојузни држави во кои било забрането таканаречно отворено носење на оружје, чии приврзаници долго работеле на тоа да добијат и право да носат оружје така да секој да може да го види.
Во Тексас моментално околу 850.000 граѓани поседуваат дозволи за н осење на сокриено оружје, а тој број нагло се зголеми во последните години.










