пари

Најголема просечна нето плата и понатаму имаат вработените во Република Словенија, и таа во јануари 2015 година изнесувала 1.002,85 евра. Тоа воедно е и една просечна плата на вработени кои надминуваат илјада евра на просторот на некогашна Југославија.

Истровремено, просечна нето плата исплатена во Хрватска истиот месец изнесувала 5.656 куни ( 742,46 евра), во Врна Гора таа изнесува 482 евра, Босна и Херцеговина со 828 КМ ( 423,35 евра), Македонија 22.407 денари ( 357,82 евра) а најмала е во Србија 39.285 динари ( 326,42 евра).

Сите податоци се однесуваат на нето просечните плати, исплатени во јануари 2015 година, освен за Македонија каде станува збор за просечна плата од декември 2014 година. За Македонија сеуште нема податоци  за платите во 2015 година.

Интересно е дека на просторот на поранешна Југославија највисока просечна плата има во Р.Словенија до 1.002,85 евра, исплатена во јануари 2015 година, таа номинално била помала за 1,6 , а реално за 0,3% во однос на декември 2014 година.

Истовремено, просечната плата во Словенија во јануари ова година во однос на истиот месец на минатата година била номинално помала за о,3% а реално поголема за 0,2%.

Просечната месечна нето плата исплатена на вработените во Хрватска за јануари 2015 година изнесувала 5.656 куни или 742,46 евра, што е за 103 куни повеќе од истиот месец во минатата година. Просечната плата на вработените во Хрватска во јануари   година 2014 изнесувала 5.5533 куни.

Просечната заработка без данок и доприноси (нето) во црна Гора изнесувала 482 евра. Во однос на декември 2014 година просечната (нето) заработка во јануари 2015 година забележала пад од 0,4%. Просечната (нето) заработка во јануари 2015 година во однос на истиот месец на претходната година забележала пораст од 0,8%, додека во однос на просечната заработка во 2014 година забележала раст од 1%.

Номиналниот пад за 1.9% во однос на декември 2014 година доживеала и просечната месечна (нето) плата исплатена  по вработени  на правноте особи во БиХ за јануари 2015 година, изнесувала 828 Км или 423,35 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата за јануари 2015 година, во однос на истиот месец на минатата година номинално е пониска за 1,2%.

Кога станува прашање за Македонија, последната регистрирана нето плата за декември 2014 година изнесувала 22.407 денари  или 357,82 евра.  И таа била поголема во однос на претходниот месец, ноември 2014 година, за 919 денари. Имено, просечната плата во ноември 2014 година изнесувала 21.588 денари.

Просечната зарабодтка без данок и допирнос исплатена во јануари 2015 година, во Србија изнесувала 39.285 динари или 326,42 евра. Во споредба со просечната месечна заработка без данок и доприноси исплатена во декември 2014 година, таа номинално  е помала за 21,4 % и реално е помала за 21,2%

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here