Во Тирана под мотото “ Една земја, еден народ, еден сон“ оддржана е втората по ред задничка седница на владата на Албанија и Косово, а премиерот Иса Мусафа и Еди Рама потпишале договор за соработка во разни области, пренесува РТК.
Премиерот на Албанија Еди Рама изјавил дека денешниот договор ја опфаќа безбедноста, културата и земјоделството .
Тој ветил дека во текот на летото Косовскките Албанци нема да чекаат во редови за да влезат на граничните премини со Албанија, туку тоа ќе биде само формална контрола, слична како онаа во ЕУ. Рама исто така најавил и отварање на зааеднички конзулат во Милано.
Иса Мустафа изјавил дека ќе започне решавањето на проблемите кои ги “ окупираа граѓаните на двете земји и нивните деловни-бизнис работи“.
“Денес потпишавме пет договори , четири менорандуми, два протоколи и една заедничка изјава. Посебен го цениме договорот од областа за безбедноста и внатрешните работи. Во областа на привредата корист од договорот ќе имаат двете страни“, изјавил тој.
После заедн ичката седница на владата на Албанија и Косово, министрите потпишале вкупно 11 договори. Прва ваква средба одржана е во Призрен на 11.јануари 2014 година.
Извор:Фонет











