putin-predloio-jedinstvenu-valutu-evroazijske

Рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Евроазиската економска унија предложил користење на единствена валута помеѓу Русија, Казахстан, и Белорусија.
На прес конференцијата одржана во Астан, главниот град на Казахстан, каде што се одржал самитот, рускиот претседател го изнел предлогот “ здружен акционен план“ заради превенција од можна економска криза.
Доколку членките на Евроазиската економска унија се држат раме до раме, истакнал Путин, полесно ќе се заштити финансискиот пазар.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев на тоа додал: “ 2015 година ќе биде тест на издржливост за земјите членки на Евроазиската економска унија. Членките на Унијата би требало потесно да соработуваат и разговараат“.
Назарбајев на присутните новинари им истакнал дека здружениот акционен план ќе ги опфати прашањата на падот на цената на нафтата и регионалните превирања, настанати заради конфликтот во Украина.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјавил дека членките на ова организација би требало да се придржуваат кон принципите кои се во склад со постоечките механизми на Евроазиската економска унија.
Лукашенко истакнал дека постојат извесни обвинувања за наводен конфликт помеѓу членките на Унијата, само заради тоа што имаат изразени ставови.
Состанокот на шефовите на трите држави, закажан е за 8.мај, се со цел одбележување на 70 годишнина од победата на Советскиот Сојуз над нацистичката војска, претставува најдобат одговор на таквите тврдења, истакнал Лукашенко.
Евроазиската економска унија, во која несомнено најголема улога има Русија, официјално постои од 1.јануари 2015 година. Се смета за алтернатива на Европската унија, составена од земји на поранешниот Советски Сојуз.
Во основа, целта на ова унија е да се овозможи слободно движење на стоки, услуги и капитал како и работна сила, меѓу земјите членки. Освен тоа, нагласено е спроведување на заедничка политика во клучните економски сектори, како енергетиката,земјоделството и транспортот.
Евроазиската економска унија моментално брои пет земји членки, а тоа се Русија, Казахстан, Белорусија, Киргистан и Арменија.
(AA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here