Егзотичната флота на супер автомобили на Дубајската полиција се зголеми за уште еден член. После еден месец откако полицијата го претстави Lexus RC F, нов супер автомобил се придружи на најскапата поициска флота на светот.
Овој пат станува збор за хибридниот BMW i8, кој е прв еко хибрид автомобил во ергелата на супер тркачи со кои располагаат полицајците во Дубаи.











