Саудискиот принц повика на притворање на функционери, вклучувајќи го и поранешниот шеф на Кралскиот совет, кои го подржале воениот удар во Египет. Принцот Сауд бин Сејф ен-Наср на својот Твитер профил повика и го именува поранешниот кралски советник Халид ел-Тувејџир како еден од оние кои би требале да ги сносат последиците.

egipat-protesti

Во низата од пораки на Твитер, внукот на поранешниот крал Сауд бин Абдулазис, наведува дека околу две милијарди долари се украдени и поделени помеѓу ел-Тувејџир и египетските генерали. И покрај тоа што тие се преплавени со милијарди долари, продолжува тој, “ ниту еден проблем сеуште не е решен. Египќаните сеуште немаат струја, гас, и леб. Јасно е дека бандата која тој ја предводел заедно со египетските генерали ги украле парите ветени за Египетскиот народ.“

Зошто’, прашува тој, претставници одговорни за овој губиток на саудиските пари не го запрашаат ел-Тувајџир и пучистичките генерали во Египет за овие пари? “Никој не ја знае природата на оваа помош-подарок, позајмица или нешто друго“, додал принцот.

Што се однесува за проектот на Суетскиот канал, принцот тврди дека не е завршена ниту една извршителна студија. “ Она што тие го направија не е само изигрување  на доверба, тоа е предавство на државата, народот и муслиманите“.

“Поделени се неколку милијарди долари, изгледа околу 20 милијарди со египетските генерали, а доказ за тоа дека нема никакви резултати е тоа што ниту една криза во земјата не е решена“.

“Под обвинение јас мислам на оној кој е протеран од Кралскиот совет и кој мора да биде повикан на одговорност за злосторствата, кражбите и растурањето на народните пари“.

“Ова не е застанување на страната на Ихван -л-муслимун ниту било какво непријателство спрема ес-Сиси, ова се само зборови на вистина за милијардите долари саудиски пари кои се потрошени за интерес на една група“.

“Нашата грижа беше овие пари да се потрошат и поделат на саудискиот народ, а не на заговори од кои немаме никаков интерес ниту корист“ напишал принцот Сауд бин ен-Наср на својот Твитер профил.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here