troja2

 Грчката трагедија во 2015 година во финансиска смисла многу потсетува на Тројанската војна, со тоа што тројниот комитет ( Европската централна Банка-ЕЦБ, Европската Комисија -ЕК и ММФ) ја замена Грција, додека Грција стана нова Троја.

Сега е речиси е кристално јасно дека ЕЦБ неда да се двоуми да ја претвори Грција во пропадната европска држава. Или пак Грција ќе се покори на мерките на штедење или ќе се врати во средниот век.

Веќе е позната дека судбината на Атина, односно на еврата, лежи во рацете на гувернерот на ЕЦБ, Марио Драгиј, кој го спровел последното квантитативно олеснување како би на Европа дал уште малку време да продолжи со “реформите“.

Тројниот комитет ја пикна Грција во економски џумбус, а грчкиот народ страда и плаќа заради тоа. Во суштина, грчкиот јавен долг настана кога ЕЦБ и ММФ ги “спасувала“ приватните ( германски, фрнацуски и шпански) банки. Долгот пораснал, а тројниот комитет интервенирал како би го спасил приватното банкарство, а не да ја спаси Грција.

ЕЦБ го купила јавниот долг од приватните банки за големи износи, заради тоа што едноставно не можела да го купи јавниот долг од грчката држава. Она што е интересно е тоа дека приватните банки добиле пари за да го купат јавниот долг од Грција токму од ЕЦБ, која профитирала од каматата.

Ова може да се нарече бесрамна кражба во која арамиите целото време ги одредувале правилата.

Каде се грчките пари?

Резултатот од сето ова е банкротирана Атина. Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис предложил ЕЦБ да стави 1,9 милијарди евра профит на грчките обврзници, како и 10 милијарди евра во краткотрајни обврзници и отвори линија за вонредни состојби со банките. Од самиот почеток главната цел на Варуфакис била де пронајде начин да се издејствува план на “спасување“ од 240 -те  милијарди долари со тројниот комитет.

Ерки Ликанен од ЕЦБ ги одбил овие опции, инсистирајќи дека без комплетен договор, односно целсоно предавање на Грција, ниту едно евро нема да замине за Атина.

Штета за премиерот Ципрас и министерот Варуфакис, заради тоа што се качија на европското патување како питачи кои молат низа од мафијаши, вклучувајќи го претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и претседателот на Советот на Европа, Доналд Таск.

Следната недела би можело да се одржи необичен состанок во Еврогрупата, во очи Европскиот самит во Брисел на 12 фебруари на кој ќе летаат искри.

Се на се: нема да биде добро

Варуфакис се потрудил да не делува обесхрабрено, продолжувајќи да го избегнува излезот од Еврозоната, заради тоа што тоа би можело да биде многу штетно за Грција.  Уште поштетен би бил фактот дека Сириза капитулира пред неолибералните господари на универзумот. Доколку тоа се случи, грчката депресија ќе трае засекогаш, а на крај би можело да се случи да фашистичката партија Златна Зора да стапи на власт.

Варуфакис на конференцијата за новинари во Берлин со германскиот министер за финансии, Волфанг Шојбле, иако се сложил со 67% од моменталнио “план“, нагласил дека планот не ја опфаќа претераната корупција и барање на рентата во Грција и дека сето се сведува на отплата на долгови, што неможе да ја врати грчката економија на нозе.

Шојбле целосно предвидливо навел дек Грција има “несигурна иднина“ доколку не се изврши програмата за “спасување“

Атина барем неколку месеци ќе мора да спроведува сложени преговори со тројниот комитет. ЕЦБ сека премолчливо ја игра играта во која на Грција и одзвони. Елем, наместо да ја подржува Сириза, ЕЦБ ја подржува фашстичката партија Златна Зора. Тоа ви е демократијата на “централната банка“.

Бомбардирање на Франкфурт, можеби?

На крај сето се сведува на следното: без пари од ЕЦБ, ризкот Грција да се врати на драхмата е се поголем. Тоа е по се изгледа она што легиите во Европа го посакуваат. Во меѓуврема, од Лисабон до Рим кружат гласини дека , доколку ЕЦБ  и направи такво нешто на држава добро опремена со оружје, тенковите ќе излезат на улици.

Варуфакис сепак тврди дека “Едно е сигурно. Нема да капитулираме“. Од тој агол, Грција оди по патот кон банкрот. Познато е дека, доколку Атина добие пари кои под итно и се потребни, ќе настане војна против  германската Bundesbank,а тоа не може да се случи заради тоа што Bundesbank, и ЕЦБ се партнери во злосторството.

Овие две банки сметаат дека се ќе биде во ред и доколку Грција пропадне. Со тоа уште еднаш докажале како централното банкарство стана фатален непријател на демократијата.

Pepe Eskobar (RT)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here