Почитувани, еве веќе неколку недели-денови, како што наближуваат претседателските избори, па еве докoлку има и парламентарни, толку за жал ние : Подгорчани, Лабуништани, Боровчани и Октишани, се оддалечуваме од нашата (не) култура, а посебно нашето исламско одгојување.
Секој ден се повеќе по социјалните мрежи, па еве и преку сајтовите и портали, се пласираат фотографии, текстови, и што уште не, со кои се напаѓа личноста и угледот на секој еден наш брат.
Без разлика, кој колку грешел (намерно или не намерно) мислам дека исламот не не учи на тоа, а не посебно да се поигруваме со наш брат или сестра, особено кога треба да ја покажеме нашата (не) култура.
Се разбира секогаш треба да се укажува на грешењето, правењето на грешки и нивната штета, (нормално е човек да греши) никој не се совршен.
Па дури и оние кои свесно прават штета за сопствена добивка (корист), секогаш треба да им се укажува, и се разбира за тоа постојат начини како на тоа да им се укаже, (собири,средби, посети и др..), дека тоа не чини, или пак обратно.
А народот, знае кој е кој..!, Кој направил штета со намера или без, Кој и понатаму прави…!
Јас тука, не ја гледам нашата култура , а никако не нашата вера, Исламот.
Како да објавам текст? ако во него нема ни трунка вистина? или се нема потврда дека е така?, Како да се поигрувам со ликот и фотографијата на мојот брат? Што ќе добијам со тоа ? Кариера, познанство, углед или гледаност. Можеби за некого ке изгледа многу, ама верувајте за таквите постапки пред нашиот Возвишен Аллах, тие постапки нема да го имаат ни почетното (М), а камо ли останатите букви за кои нема да има никакво мерило..
Овде велам “мојот брат”, затоа што и: Абдула, и Недим, и Мевмед и Фијат, и Фарук, и Шериф и …… сите тие се мои браќа, а се разбира и Ваши. сите ние сме едно,без разлика кој колку и како грешел.
Јасно ми е дека сите не можеме да мислиме исто, јас го почитувам нивното мислење, а иншала и тие моето ќе го почитуваат….
Наше е да укажуваме за грешките и штетите кои се прават и нанесуваат.. а за конечната одлука се знае кој е главниот судија, оној пред кој ќе одговараме за нашите грешки,постапки, ниети-намери, и штети, а тоа е Возвишениот Аллах џ.ш.
Јас го сакам овој мој народ каков и да е .. и ниту во еден случај нема да се поигрувам со различното размисливање, намера или пак неговиот изглед и идентитет се разбира на мојот и твојот брат.
Јас живеам во Подгорци, ама се дружам и заедно пијам кафе со моите браќа од Лабуништа, Боровец и Октиси..
И секогаш, посакувам покрај кафето, да поразговараме и укажеме на грешките кои ни се прават од нашите браќа, или од останатите. Секогаш мора да постои добро кафе, средба и убави зборови за решавање на проблемите.
Зошто да се срамам да одам во Лабуништа, Боровец, и Октиси, зошто да се чувствувам како странец ? Зарем сите ние некогаш не сме се сретнале на свадба, џеназе или пак нешто друго..? Зарем ми доаѓаат некои други освен : Недим, Абдула, Мевмед, Фарук,Фијат, Шериф и….?
Можеби со некој сме потскарани, по моја или негова грешка, по Наша или Ваша, ама верувајте ќе дојде време кога, сите ние ќе бидеме заедно, можеби ќе потрае ама ќе биде.. и тогаш ќе се срамиме од тоа што сме го правеле.. ама иншала Аллах џ.ш набрзо да ни ја скрати оваа состојбата, и скрати оваа наша поделба и мунафиклук, односно повторно да ни даде ум и разум, затоа што “овој мој народ не го заслужува оваа”.
И , заради тоа, никако нема да се согласам со сите оние кои директно го напаѓаат угледот и приватноста на одредена личност, преку објавување на текстови, а особено фотографии, кои за жал другите од страна на сето тоа гледаат со потсмев…
Се разбира треба да се напаѓаме со знаење..ум.. и разум, и да укажуваме (преку текстови, колумни и др…)
Зошто секогаш, да бидеме марионети и артисти (комедијанти) во Филм кој некој друг го режирал, и постојано да ни се потсмеваат како еден безвреден народ.. Ајде еднаш да бидеме и ние сценаристи и режисери. Ама сите задно да направиме еден филм, онака како што ние знаеме и умееме, филм кој ќе му го оставиме на нашите поколенија, за да учат од нашите грешки, ама и за нашите убави работи иншала кои (сме) ги направиле или (ќе) ги направиме и гордеат со нив.
Се разбира, текст пишувањата треба да постојат, и преку нив да се објавуваат одредени неправдини кои се нанесуваат, или ќе се нанесат или прикажуваат преку одредени поими, меѓутоа во ниту еден случај нема да го нападнам името, угледот а посебно изгледот на мојот брат.. и се разбира името кое е запишано во нашата чесна книга.. Кур`анот
И, јас сум грешел.. ама се обидувам моите грешки да ги одстранам, и да укажам дека и јас сум правел такви грешки и дека тоа не е добро да се прави.
Се знае, за тоа следува награда од нашиот Возвишен Аллах џ.ш. А вистинската награда е единствено негова. Тој знае како и кого и со што да награди еден поединец и еден народ.
Иншала, Аллах да ме награди за овој мој текст, како и тебе мој брате што ќе се потрудиш да му простиш,укажиш и не омаловажуваш твјот брат, со напаѓање на неговото име и поставување на фотографија со недоличен карактер и изглед.
Оваа е мое лично размислување, за кое треба многу простор и време, а и доста за пишување.
Доколку некој има сосема друго или исто размислување, Бујрум очекувам коментари, и иншала оваа нека биде почеток на крајот на нашите поделби, и почеток на едно наше заедничко кафе и почеток на убавите зборови и дела, кои се најдрагоцени и нај наградувани кај нашиот Возвишен Аллах џ.ш. Амин.!
И.Демишоски – Админ на Дубаи Портал.









