По повод мубарек месец рамазан, после речиси неколку години, подгорчани синоќа повторно имаа можност уште еднаш заеднички да го почувствуваат заедничкиот ифтар, карактеристичен за сите муслимани ширум светот, а кој се оддржува во текот на рамазанските денови.

Ова година, благодарение на организацијата на жители на населба Подгорци, потпомогнато со донации од внатре и надвор оа населба Подгорци, односно околните населби, традиционалниот рамазански ифтар се оддржа во дворот на новата џамија на населба Подгорци.

Во ова пригода, би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои со своето учество помогнаа во реализација на овој наш заеднички ифтар, сите оние кои финансиски допринесоа реализацијата да биде остварена, односно истиот ифтар оваа година оддржи, притоа, не заборавајќи ги и сите оние кои зедоа доброволно учество во реализацијата на текот и одвивањето на овој за наш благословен ифтар, се разбира тука потенцирам на оние младите кои служејќи допринесоа истиот да помине онака како што наликува и треба.

Нека Аллах џ.ш ги награди сите оние, кои помогнаа, и иншала наредната година да ја дочекаме повторно со посториите на оваа Алахова куќа, за која се надеваме дека ќе биде подготвена и за редовен намаз, ни изјави имамот на населба Подгорци

А, ние почитувани во прилог преку видео и фотографии Ви пренесуваме дел од синоќешниот амбиент.

Потсетуваме дека првиот Рамазански ифтар на Подгорчани во оваа џамија се оддржа во 2019 година, и еве после 7 години радоста на џематлиите и себетот да се сретнат на заедничка маса на дворот на оваа преубава џамија токму се оствари оваа година.

ИншАллах да се сретнеме и наредната година во уште поголем број.

Притоа да изразиме и благодарност до нашиот соработник Ариф Ајдароски кој ги испрати постираните виде и забележани фотографии од овој годинешен ифтар.

 

Кратко постетување од првиот ифтар оддржан во 2019 година.