Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што избувна во станбено-деловниот комплекс Арлис во Тирана, додека противпожарните екипи успеаја да го локализираат пожарот и да спречат негово ширење кон околните згради, соопштија денес локалните власти.

Директорот на Албанската служба за итни случаи, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и дека е спречено неговото понатамошно ширење кон блиските станбени кули.

Тој, според новинскиот портал Тирана, истакна дека пожарот се проширил на североисточниот дел од зградата од приземјето до горниот кат и дека е предизвикана значителна материјална штета.

Кара изјави дека сите расположливи капацитети се ангажирани во гаснењето на пожарот, вклучувајќи повеќе од 50 пожарникари од Тирана и други градови, како и припадници на армијата.

Според него, сè уште се работи на гаснење на преостанатите жаришта во становите, додека целосниот обем на штетата сè уште не е познат.