Иран одговори на новиот ултиматум од американскиот претседател Доналд Трамп.
Во изјавата што ја пренесоа иранските државни медиуми, иранскиот портпарол предупреди:
– Не заборавајте дека ако агресијата се прошири, целиот регион ќе стане пекол за вас.
Илузијата за пораз на Исламската Република. Иран се претвори во мочуриште во кое ќе потонете – додаде тој, пренесува Скај њуз.
Трамп претходно денес му издаде ултиматум на Иран, велејќи дека има 48 часа да го отвори Ормутскиот теснец и да се согласи на договор.
– Ако не го сторат тоа, пеколот доаѓа за нив – напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Покрај тоа, во неодамнешниот говор тој рече дека САД „ќе го вратат Иран во камено доба во следните две до три недели – заканувајќи се дека ќе ја нападне енергетската инфраструктура“.









