Израел денес започна ссо ерија тешки напади врз Појасот Газа, сериозно поткопувајќи го прекинот на огнот постигнат со посредство на САД пред неколку недели. Најмалку 28 Палестинци, вклучувајќи деца, беа убиени, а повеќе од 70 повредени, според здравствените власти во Газа.

Дописникот на Ал Џезира од Газа, Хани Махмуд, објави дека нападите биле насочени кон три локации: областа Ал-Маваси во близина на Кан Јунис на југ, раскрсница во густо населениот источен дел од градот, во населбата Шуџајеа и зграда во Зејтун, при што загинаа најмалку десет лица, вклучувајќи го и целото семејство.

„Татко, мајка и нивните три деца беа убиени. Палестинците низ Газа веќе се соочуваат со секојдневни ужаси. Војната сè уште трае, а Палестинците сè уште умираат поради тековното насилство“, рече Махмуд, опишувајќи ја атмосферата на страв што се шири меѓу населението.

Izrael prekršio primirje i počeo novi talas nasilja u Gazi, desetine mrtvih u napadu

Израелската окупаторска војска соопшти дека нападите биле извршени како одговор на она што го нарече отворање оган врз нејзините трупи во Кан Јунис. Најави дека ќе продолжи со операциите „за да се елиминира секоја закана за Државата Израел“. Сепак, Хамас негираше дека инцидентот воопшто се случил, обвинувајќи го Израел дека се обидува да измисли изговор за прекршување на прекинот на огнот.

Во исто време со настаните во Газа, израелските сили ги засилија своите активности во Либан. Серијата напади следеа по нападот врз палестински бегалски камп на југот од земјата еден ден претходно, во кој загинаа повеќе од десетина луѓе, дополнително зголемувајќи ги тензиите на северната граница.

Нападите доаѓаат само неколку дена откако Советот за безбедност на Обединетите нации даде зелено светло на мировната иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа. Паралелно, израелскиот парламент донесе закон со кој се суспендира снабдувањето со вода и електрична енергија до објектите управувани од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA), дополнително зголемувајќи ги загриженостите за хуманитарните услови во Појасот Газа и пошироко.