Три лица загинаа, а десет се повредени во експлозија на гас во џамија во Узбекистан, соопшти Министерството за вонредни состојби на земјата.

Во соопштението објавено на апликацијата за пораки Телеграм, Министерството соопшти дека експлозијата погодила бања просторот за абдест во џамија во источниот регион Андијан во Узбекистан.

Како што се наведува, во тек е истрага за експлозијата, која се случила за време на исламскиот празник Рамазан Бајрам, пренесува АФП.

(Vijesti.ba/FENA)