Со две минимални плати не се врзува крај со крај, велат граѓани со кои разговараше РСЕ, а покажуваат и пресметките на синдикатот. Храната и пијалаците во основната потрошувачка кошничка во јануари се за 2.000 денари поскапи од јануари лани. Економско-социјалниот совет треба да одлучи дали минималецот ќе расте, како што бараат работниците, но седница на ова тело досега не е закажана.

Кога ќе излезам од продавница застанувам пред врата и повторно ја пресметувам фискалната сметка. Сумата секогаш е повисока од што сум планирала…Три производи, од кои едвај еден ручек да направиш, се 1.000 денари најмалку, е искуството на скопјанката Милена М. со пазарењето во маркетите за подготовка на храна за нејзиното четиричлено семејство.

„Килограм поевтино месо, нешто зеленчук и салата за еден ручек, толку чинат. Штедам колку се може, купувам од маркети во кои има попусти, комбинирам оброци да поминам поевтино, а пак најголем дел од платата оди за храна“, вели Милена.

Повеќе на РСЕ