Американски дипломат вработен во Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Израел е пронајден мртов.
Американската амбасада ја потврди информацијата за смртта на дипломат во Ал Кудс (Ерусалим), истакнувајќи дека тоа не е американскиот амбасадор во Израел.

Иако не се дадени информации за причината за смртта на американскиот дипломат, во соопштението се наведува дека нема сомнителни околности за смртта.

Израелските медиуми јавуваат дека дипломатот бил пронајден мртов во неговиот стан во Ерусалим.

(Vijesti.ba / ФЕНА)