Најмалку 104 лица загинаа, а 760 се ранети во четвртокот кога израелските сили извршија напад врз Палестинците кои чекаа хуманитарна помош јужно од градот Газа.

Ашраф ал Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, изјави дека во нападот на израелската армија загинале 104 лица, а 760 се повредени.

Тој изјави дека убиените и ранетите во израелскиот напад биле префрлени во болниците на северот на Газа.

– Медицински тимови со ограничени ресурси се обидуваат да им пружат помош на Палестинците со сериозни повреди – изјави Кудра.

Стотици Палестинци чекаа да добијат помош во близина на Довар ал Наблуси, јужно од градот Газа, кога беа под израелски оган, тврдат очевидци.

Во Појасот Газа, кој има околу 2,3 милиони жители, има хуманитарна катастрофа бидејќи израелската армија продолжува со нападите вече 146 дена.

Цел на израелските сили се цивилни населби, болници, училишта и засолништа каде што се засолниле раселените Палестинци. Израелските сили исто така ја спречуваат испораката на хуманитарна помош за опколената палестинска енклава.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи повеќе од 30.000 луѓе и предизвикувајќи широко распространето уништување и недостиг на залихи во блокираната палестинска енклава.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел мора да се воздржи од какви било дејствија поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.