Белата куќа денес соопшти дека отворањето оган од страна на израелските сили врз Палестинците кои чекаат хуманитарна помош јужно од градот Газа е „сериозен инцидент“ откако повеќе од 100 луѓе беа убиени и повеќе од 700 ранети.

Портпаролот на Советот за национална безбедност за АА изјави дека Белата куќа „ги разгледува извештаите“, а истовремено ја признава „загубата на невини животи“.

– Жалиме за загубата на невини животи и ја препознаваме ужасната хуманитарна ситуација во Газа, каде невините Палестинци само се обидуваат да ги прехранат своите семејства – се вели во соопштението на портпаролот.

Продолжуваме да работиме дење и ноќе за да го постигнеме тој исход – додаде тој.

Министерството за здравство со седиште во Газа соопшти дека најмалку 104 лица загинале, а 760 се ранети во четвртокот наутро кога израелските сили започнале напад врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош јужно од градот Газа.

Израелската војска соопшти дека прелиминарната истрага открила дека некои Палестинци се приближиле до воен контролен пункт, а војниците испукале предупредувачки истрели и пукале во нозете на Палестинците кои продолжиле да се движат кон војниците.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи повеќе од 30.000 луѓе и предизвикувајќи широко распространето уништување и недостиг на залихи во блокираната палестинска енклава.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Анадолија