Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека тој се сретнал со лидерите на локалните и регионалните совети во јужниот округ и за време на состанокот изјавиле дека Израел „ќе го промени Блискиот Исток“.

– На средина сме на кампањата. Знам дека доживеавте тешко и страшно искуство. Тоа што ќе го доживее Хамас ќе биде тешко и страшно – рече Нетанјаху и додаде:

– Кампањата е во тек, а ние само што почнавме. Вашето водство во овие напорни денови беше цврсто. Државата ќе ви помогне. Ве замолувам да истраете затоа што ќе го промениме Блискиот Исток. Јас ве поддржувам вас и жителите на Јужниот округ. Ние сме со вас и насилно ќе ги победиме – рече Нетанјаху.

Израел го засили бомбардирањето на Појасот Газа како одмазда за прекуграничниот упад на Хамас.

Облаци чад можеа да се видат како се издигнуваат над хоризонтот на Газа по воздушните напади во текот на ноќта, а големи делови од територијата беа покриени со урнатини.

(Vijesti.ba)