Терористичката организација ПКК/ЈПГ изврши напад со повеќецевни ракетен фрлач од областа Тал Рифат на граничниот премин Ончупинар, во близина на турскиот град Килис.
Нападот се случи еден ден откако два разорни земјотреси го погодија регионот.
„Терористичката организација ПКК/ЈПГ, која е целосно туѓа на човештвото, дури го искористи земјотресот и изврши гнасен напад со повеќецевни ракетен фрлач од Тал Рифат врз областа на одговорност на нашиот граничен премин Ончупинар. Иако немаше штети или жртви меѓу нашите единици, тие возвратија на терористички цели“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана на Турција.
ПКК, која е наведена како терористичка организација во Турција, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, убила повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и стари лица, во период од повеќе од 35 години. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.










