Знамињата во седиштето на НАТО беа спуштени на половина копје во знак на солидарност со земјотресот во Турција.
Знамињата на 30-те сојузнички земји пред седиштето на НАТО во Брисел, главниот град на Белгија, до утре вечер ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на солидарност со Турција и турскиот народ.
Од Постојаното претставништво на Турција во НАТО изјавија дека им се заблагодаруваат на сојузниците за помошта што од вчера и ја испратија на Турција.
Според последните информации, во земјотресите што вчера ги погодија јужните делови на Турција загинаа најмалку 3.549 лица, додека најмалку 22.168 се повредени.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во понеделник наутро ја погоди јужна Турција. Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарчик во Кахраманмарас, Турција. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот.
Потоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.
Во Турција поради разорните земјотреси е прогласена седумдневна жалост.
(Vijesti.ba)










