Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средбата со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Анкара изјави дека улогата на Турција и Србија е многу важна во контекст на мирот и стабилноста, како и спречување на тензии во Босна и Херцеговина.

Чавушоглу во четвртокот оствари средба со Дачиќ во зградата на Министерството за надворешни работи во Анкара, по што беше одржана заедничка прес-конференција.

Зборувајќи за последните настани поврзани со поплавите во регионот на Санџак, Чавушоглу ја изрази својата поддршка и солидарност со Србија, наведувајќи дека тимови и експерти од турскиот АФАД се веќе на терен и ќе ја дадат секаква поддршка.

„Живееме период на најдобри односи меѓу Турција и Србија, ова е златното доба на нашите односи“, изјави Чавушоглу, истакнувајќи дека во наредниот период ќе работи на зајакнување на односите меѓу Турција и Србија.

Тој истакна дека при последната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија, биле потпишани седум документи од различни области.

„Ќе работиме на зајакнување на нашата економска соработка. Обемот на трговската размена се приближи до 2,5 милијарди долари. Нашите лидери си поставија цел од пет милијарди долари. Мораме да поставиме нови цели“, рече Чавушоглу.

Тој, исто така, додаде дека нивото на турските инвестиции во Србија постојано се зголемува, за што и се заблагодари на Србија, која, како што нагласи, за многу краток период ги решава сите пречки на кои се соочуваат турските инвеститори.

„Халкбанк отвора нови филијали во Србија и бројот на експозитури на оваа банка ќе се зголеми на 40“, рече Чавушоглу.

Тој нагласи дека Турција и Србија сакаат да ја зајакнат соработката на полето на одбранбената индустрија и дека разговорите се во тек на тој фронт. ,

Тој истакна дека постојано се зголемува бројот на туристи кои разменуваат меѓу себе и дека ќе се преземаат нови чекори во линиите на авиосообраќајот на овој план.

По Истанбул и Анкара, во февруари годинава ќе започнеме директни летови од Измир до Белград“, најави Чавушоглу.

Кога станува збор за соработката во областа на културата, тој најави и дека Агенцијата за соработка и координација на Турција (ТИКА) годинава ќе започне со реставрација на белградската Бајракли џамија.

Во врска со проектот за автопат Сараево-Белград, започнат на иницијатива на Турција, Чаувошглу рече дека делот од проектот на територијата на Србија добро напредува и дека е неопходно тој да биде таков и на територијата на Босна и Херцеговина.

Една од темите на средбата секако била борбата против тероризмот. Чавушоглу и се заблагодари на Србија за поддршката во борбата против терористичката организација ФЕТО.

„Денеска побаравме и поддршка во врска со екстрадицијата на лице поврзано со терористичката организација ПКК“, рече Чавушоглу.

Се разговараше и за актуелната состојба во Босна и Херцеговина.

„Мирот и стабилноста на Балканот се важни за сите нас. За да не се зголеми тензијата во Босна и Херцеговина, се формира влада, за мир и стабилност е многу важна улогата што ќе ја играат и играат Турција и Србија. Во оваа смисла, многу корисен е и трилатералниот механизам Турција-БиХ-Србија. Ќе продолжиме со нашите напори и во наредниот период“, рече Чавушоглу.

Тој нагласи дека Турција го поддржува дијалогот меѓу Приштина и Белград.

„Турција го поддржува, силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и сакаме недоразбирањата да се решат со дијалог“, заклучи Чавушоглу.

(Vijesti.ba / АА)