Срна Загорац од Нови Сад е во брак со Мијат и одреден период живеела меѓу Србија и Швајцарија, но решила да се врати во родната земја. Таа за медиумите ги наведе причините.
Како што раскажува, многу брзо откако се преселила во Швајцарија сфатила дека животот во таа земја е „шарена лага“, поради што живеела половина година во Србија, а половина во Швајцарија за да може да биде со сопругот.
Иако многу Срби сонуваат за живот од бајка во оваа шарена земја, според Срна, реалноста таму е сосема поинаква. Како што уверува, просперитетот што владее во Швајцарија е само очигледен, бидејќи сè се врти околу парите, односно интересот за плаќањето што повеќе даноци, а она што особено ги излудува сите Срби што живеат таму е тоа што соседите го следат секој чекор, па ако направите нешто што не е според правилата, за неколку минути полицијата ќе тропне на вашата врата.
– Сите бегаат во странство, а мислам дека сум меѓу ретките што ќе се вратат во Србија, човек кој е тука повеќе од 40 години. Љубовта за своја животна средина во која си свој човек е чудо – рече Срна.
Според неа, поттикот дефинитивно да го замоли сопругот да се вратат во родната земја била бездушноста на нејзините најблиски соседи која ја почувствувала на своја кожа. Еден швајцарски сосед го пријавил брачниот пар Загорац за готвење ручек во сервис за автомобили, што според нивниот закон е строго казниво.
– Мојот сопруг работи во сервис за поправка на автомобили, а јас како вистинска сопруга решив да му донесам ручек на работа. Но, набрзо на вратата се појавија пет полицајци кои дојдоа да ни напишат казна, обвинувајќи ме дека работам на црно како готвач. Иако им објаснивме дека само сакаме да го загрееме ручекот, завршивме на суд, па сега треба да докажеме дека тоа е нормално во Србија и дека немавме лоши намери – рече Срна и истакна дека ова е само една од низата неверојатни ситуации што преживеаја во Швајцарија.
Соседите ќе ве пријават доколку сами ги поправате дефектите во куќата, бидејќи според швајцарските закони тоа мора да го прави исклучиво занаетчија, за кој треба да платите многу пари. Во спротивно и по овој основ ќе бидете обвинети дека работите на црно.
– Ова е навистина полициска земја, каде што се се врти околу парите и принудата за што е можно повеќе плаќање даноци. Едноставно, што и да правите, мора да плаќате данок, дури и ако чувате домашно милениче. Ретко кој има своја куќа овде, бидејќи сите се под хипотека. Ако се разболиш, ќе умреш на улица ако немаш осигурување или пари за лекување. Немаат емоции, поради што животот во Швајцарија е обична фарса – изјави Срна.
Извор:Вечер








