Наместо пред компјутер, третооделенците учат предмет работа на компјутери и основи на програмирање, со молив и тетратка. Иако целите на предметот се да се стекнат со вештини, па да можат да креираат и едноставни програми, наставниците им диктираат дефиниции оти во училиштата, компјутери за нив нема.

Постојат уредувачи на текст, тоа е Ворд. Се користи за изработка на документи со внесување на текст преку тастатура, а уредувањето е определување на конечниот изглед на текстот. Ова одделенските наставници во основното образование им го диктираат на третооделенците кои имаат наставен предмет работа со компјутери и основи на програмирање.

Проблемот е во тоа што децата на овие часови наместо да практикуваат работа на компјутер, тие си запишуваат во тетратка. Компјутери за нив нема.

Ученичка во основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ во Аеродром вели дека предметот го учат само преку теорија. Признава дека има потешкотии во совладувањето на материјалот.

„Еднаш ни донесоа некои компјутери во училница, ама тие не работеа и пак продолживме да пишуваме во тетратките. Понекогаш ни покажува наставничката на нејзиниот компјутер како некои деца напишале текст. Инаку сега само ни читаат и ни објаснуваат дефиниции, ама тоа е многу тешко за учење, вели ученичката.

И ќерката на Марина Наумоска е ученичка во трето одделение во основно училиште во скопската општина Карпош.

Повеќе на РСЕ