Американскиот претседател Џо Бајден изјави во средата дека има намера да се кандидира за уште еден мандат во 2024 година, но истакна дека конечната одлука ќе ја донесе на почетокот на следната година.
„Нашата намера е повторно да се кандидираме“, им изјавил тој на новинарите.
„На крајот на краиштата, ова е семејна одлука“, додаде тој.
Според Бајден, конечната одлука ќе биде донесена на почетокот на следната година. САД се надеваат дека Русија ќе биде подготвена посериозно да преговара за можна размена на затвореници по изборите во САД, изјави американскиот претседател. „Се надевам дека сега кога изборите завршија, г-дин Путин ќе може да разговара со нас и да биде подготвен посериозно да разговара за размената на затвореници“, се надева Бајден.
Сепак, тој се воздржа да одговори на прашање за алтернативни начини за размена на затвореници што и се предложени на Русија.










