Саудискиот Kабинет повика на директни инвестиции во Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).

На состанокот на Кабинетот, со кој претседаваше кралот Селман бин Абдулазиз, дадени му се насоки на министерот за инвестиции, Халид ал Фалих, да води разговори со турската страна за тоа прашање.

Според државната новинска агенција СПА, министерот добил насоки да разговара за предлогот за меморандум за разбирање и соработка во правец на поттикнување на директните инвестиции.

Минатиот месец Ал Фалих беше домаќин на турскиот министер за финансии, Нуредин Небати во Ријад, за време на кој истакна дека саудиските бизнисмени ќе инвестираат во Туркије во различни области, меѓу кои и во технологијата, недвижниот имот и енергетиката.

Извозот на Туркије во Саудиска Арабија достигна 420,9 милиони долари со годишен пораст од 180 отсто во периодот јануари – септември, што ги остави бројките за обемот на трговската размена од 2021 година далеку зад себе, во услови кога двете земји продолжуваат да работат на приближување на односите.