Шокантните сцени од Индонезија го обиколија светот, а снимката покажува дека штетите на исламскиот центар Која во Џакарта се исклучително големи. Првите извештаи за пожарот во главниот град на Индонезија пристигнаа околу 15:22 часот по локално време, а сведоците на уривањето на куполата на џамијата објавија слики и видеа на социјалните мрежи. Исламската организација објави видео на Твитер со натпис: „Гори куполата на џамијата на Исламскиот центар во Џакарта“. Според локалните медиуми, на локацијата има шест противпожарни возила.