Најмалку 50 метри од гасоводот под Балтичкото Море недостасуваат, објави во вторникот шведскиот весник „Експресен“, откако ги објави првите јавни слики од штетата во септември.
Шведската полиција и државното правобранителство се сомневаат дека истекувањето на гас од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 на 26 септември е резултат на намерна експлозија и затоа случајот го истражуваат како чин на саботажа.
Видеото снимено од мало подводно возило на далечински управувач или подводен дрон, објавено од Expressen, покажува свиткан метал и отворен гасовод на дното на Балтичкото Море. Видеото е снимено во понеделникот, соопшти Expressen, а Ројтерс додава дека не може независно да потврди дали снимката навистина го прикажува гасоводот Северен тек 1.
Första bilderna från sprängda gasröret på Östersjöns botten – här inträffade explosionen i Nord Stream 1. Expressen på plats vid södra Östersjön – läs mer och se bilder: https://t.co/dCtdzR00vU. pic.twitter.com/6FipgJijSJ
— Expressen (@Expressen) October 18, 2022
Шведските безбедносни служби во октомври објавија дека зеле материјал од местото на експлозијата за истрага. Шведската морнарица и безбедносната полиција одбија да го коментираат пишувањето на Expressen, а крајбрежната стража не беше веднаш достапна за коментар, додаде Ројтерс.
Истрага на данската полиција Прелиминарната истрага за оштетување на два гасоводи „Северен тек“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажува дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии“, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген во вторникот. Понатамошната истрага за пукањето на гасоводот Северен тек 1 и 2 на 26 септември во ексклузивната економска зона на Данска ќе биде спроведена заеднички од полицијата во Копенхаген и Данската служба за безбедност и разузнавање.
Сè уште е рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со, на пример, Шведска и Германија, бидејќи тоа зависи од повеќе актери“, соопштија од полицијата во Копенхаген. На крајот на септември, гасоводи беа оштетени во експлозии на четири места, две во шведските води и две во данските води. Се верува дека станува збор за саботажа и е отворена истрага. Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европа и Русија поради војната во Украина. Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не тече од делови од гасоводот во нивната економска зона. Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и сака да биде вклучена во истрагата.
Извор: geopolitikanews









