Сирија одлучи да ги прекине дипломатските односи со Украина како одговор на истиот потег на Киев, објави во средата, 20 јули, сириската државна новинска агенција САНА.

Изворот на агенцијата од сириското Министерство за надворешни работи наведе дека украинската влада практично ги прекинала односите со Сирија од 2018 година, кога одбила да им ги обнови визите за престој на сириските дипломати кои работеле во амбасадата во Киев, што „им го оневозможи да ги извршуваат своите должности и оттогаш работата на амбасадата е прекината поради непријателскиот однос на украинската влада“.

Потсетуваме, Украина на 30 јуни објави прекин на дипломатските односи со Сирија, откако Дамаск на 29 јуни објави дека ги признава сепаратистичките украински региони, односно самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганската Република. Киев му го соопшти истото на Пјонгјанг (т.е. ги прекина дипломатските односи со него) по минатомесечното признавање на независноста на ЛНР и ДНР од страна на Северна Кореја.