Иранските и руските компании денеска во Техеран го потпишаа најголемиот договор за странски инвестиции досега во иранската економија, кој вообичаено се однесува на проекти за гас и нафта, објави локалната агенција ИРНА. Иранската агенција наведува дека, според договорот, реномирани руски компании ќе инвестираат 40 милијарди долари во иранската нафтена индустрија.
Русите спроведуваат инвестициски проект вреден четири милијарди долари во иранската нафтена индустрија, а таа бројка се планира да биде десет пати поголема. Разговорите за деталите од договорот ќе започнат набргу по церемонијата на потпишување. Во последните недели во Иран беше постигнат прелиминарен договор за ваква инвестиција преку големи руски компании, вклучително и Гаспром, во согласност со стратешката соработка на двете земји, јави ИРНА.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно ги покани високите функционери на Гаспром – најголемата компанија за гас во светот – да отпатуваат во Иран што е можно поскоро за да разговараат за инвестициите во проектите за ирански гас и нафта.
Претставниците на Гаспром го посетија Иран и сега подготвениот текст на договорот беше потпишан во Техеран.









