Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со израелскиот претседател Исак Херцог.

Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Турција соопшти дека Ердоган и Херцог разговарале за односите меѓу Турција и Израел и регионалните прашања.

Турскиот и израелскиот претседател Ердоган и Херцог се согласија да го продолжат дијалогот за регионалните прашања, вклучително и безбедноста и борбата против тероризмот, и да ја продолжат соработката за мир и стабилност.

Во соопштението се наведува и дека израелскиот претседател Херцог му се заблагодарил на Ердоган за напорите на Република Турција во борбата против тероризмот, пишува АА.