Во Анталија мукабеле се учи во повеќе од 2.000 џамии

by Administrator

Во Анталија, во повеќе од 2.000 џамии во текот на месецот Рамазан се учи мукабеле.

Во сите џамии низ покраината се одржува традицијата на мукабеле, која всушност е учење или следење на Кур`анот низ очите на оние кои знаат, додека имамот ги учи на глас и ги слуша оние кои не знаат да читаат Кур`анот.

Голем број луѓе присуствуваат на учењето мукабеле, кое се одржува пред или по пладне и икинди намаз во некои од најстарите џамии во градот, Јивли минарету (Фетих џамија), Мурат-паша, Текели Мехмет-паша, Балибеј, Муселим, Кира и Ихсанија. .

Покраинскиот муфтија Метин Арџаклиоглу за АА изјави дека рамазанското мукабеле во Туркије обично започнуваат на првиот ден од Рамазан и траат до последниот ден.

Арџаклиоглу рече дека мукабеле се учи во сите џамии низ покраината за време на Рамазан.

– Сакаме граѓаните во нашите џамии најдобро да го искористат месецот Рамазан. Учиме мукабеле со учество на џемаатот во џамиите пред или по пладне и икинди намазите. Оние кои не знаат да го учат Кура`нот добиваат инспирација и слушајќи го Куранот, рече муфтијата.


„Dubai-Portal“

You may also like