КИЕВ (АА) – Советникот на украинскиот претседател, Алексеј Арестовиќ, соопшти дека руската војска започна офанзива од градот Изјум, кој претходно го зазеде, во правец на Славјанск и Краматорск, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Арестовиќ нагласи дека руските војници кои нападнале во правец на Славјанск и Краматорск, имаат мал напредок и дека руски хеликоптер бил соборен од страна на украински војници.

Тој рече дека пред три дена, иако слабо, руските војници се обиделе да нападнат од југ и север.

Арестовиќ истакна дека украинските војници се обидуваат да ги блокираат од север на нивниот пат кон Донбас.


Anadolu Agency