Велика Британија треба да ја признае Палестина како независна држава, порачаа пратениците од Бирмингем пред Владата. Калид Махмуд, Тахир Али и Лиам Бирн, го повикаа Обединетото Кралство формално да ја признае Палестина, пишува британскиот весник, пишува „Birmingham Mail“, пренесува „Dubai-Portal“.
Во 2014 година, Долниот дом гласаше за признавање на Палестина. Сепак, владата на ОК одби да го стори тоа, тврдејќи дека го поддржува создавањето на палестинска држава, но независна држава во моментов не постои.
Говорејќи во парламентот, Махмуд тврдеше дека Израел и Палестина треба да имаат ист статус за да се постигне мир.
„Мирот секогаш е тука за да се препознае, но тоа можеме да го направиме само кога можеме да седнеме заедно на иста маса, со ист статус еден на друг. Тоа е она што е важно, и тоа ми е кажано овде“, рече тој.
Бирн ги посочи мерките што Израел ги презеде за да ја изврши окупацијата и заземањето на земјата што им припаѓа на Палестинците.
„Бев во Палестина и видов како патот по кој Марија и Јосиф отидоа до Витлеем, сега е невозможно да се помине, бидејќи е уништен од ѕидовите.
„Слушнав како децата зборуваат за посттрауматско стресно растројство од кое страдаат сега. Ги слушав овчарите чии животи беа уништени бидејќи немаат законско право да градат сопствен дом. Ги слушав земјоделците на кои им беше одземена водата“, додаде тој.
„Birmingham Mail“
„Dubai-Portal“









