МОСКВА (АА) – Делегацијата на Украина пристигна во Белорусија на преговори со Русија, кои требаше да започнат напладне по московско време, јавува Агенција Анадолија (АА).

Украинска делегација, која ја сочинуваат министерот за одбрана, шефот на претседателската партија „Слуга на народот“ и заменик-министерот за надворешни работи, пристигна во регионот Гомељ во Белорусија утринава.

Руската делегација пристигна на местото на средбата вчера.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Белорусија на Твитер објави дека сè е подготвено за средбата и објави слика од преговарачката маса.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди воена интервенција во Украина минатиот четврток, неколку дена откако ја призна независноста на двете енклави кои ги држат сепаратистите во источна Украина.

Интервенцијата беше остро осудена од меѓународната заедница, при што ЕУ, Велика Британија и САД воведоа економски санкции против Кремљ.

Anadolu Agency