Поради ситуацијата во Украина, австриската армија, како засилување, одлучи да испрати дополнителни 120 војници во мисијата ЕУФОР во БиХ, пишува „Vecernji“, пренесува „Dubai-Portal“.
Одлуката е донесена бидејќи се стравува дека актуелната ситуација во Украина може да има последици за Западен Балкан и со тоа да влијае на зачувување на стабилноста и безбедноста, наведуваат од армијата за агенцијата АПА.
Активирање на резервните сили побара командантот на мировната операција на ЕУ, во БиХ, генерал Брис Хад.
Ова ги активира војниците од р на Австрија, Бугарија, Романија и Словачка.
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг, го поддржа распоредувањето на резервните сили во БиХ.
„Vecernji“
„Dubai-Portal“










