Рускиот претседател Владимир Путин, телефонски разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
„Русија е подготвена да води преговори со Украина, на високо ниво“, рекол Путин, пренесе кинеското Министерство.
Како што се посочува, претседателот на Кина, за време на разговорите изјавил дека во ситуацијата околу Украина треба да се напушти менталитетот на Студената војна и да се почитуваат легитимните интереси на сите земји во сферата на безбедноста.
„Кина ја одредува својата позиција врз основа на суштината на самото украинско прашање. Потребно е да се напушти менталитетот на Студената војна, да се придава значење и да се почитуваат правните интереси на сите земји во безбедносната сфера, а исто така преку преговори да се формира избалансиран, ефикасен и одржлив европски безбедносен механизам“, изјавил кинескиот лидер.
„Исто така, кинеската страна е посветена на регулирање на односите меѓу Русија и Кина преку преговори“, рекол Си Џинпинг.
„Неодамна, ситуацијата во источна Украина претрпе нагли промени, што привлекува зголемено внимание кај меѓународната заедница. Кина го поддржува решавањето на проблемот меѓу Русија и Украина преку преговори“, изјавил кинескиот лидер.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски, претходно му се обрати на Путин со предлог да седне на преговарачка маса.
„Dnevnik – Ria“
„Dubai-Portal“










