Експлозија се случи пред Генералниот директорат за пасоши во Кабул, главниот град на Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на полициската управа во Кабул соопштено е дека експлодирало едно возило пред зградата.

Се наведува дека нема жртви.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е неутрализиран напаѓач кој се обидел да влезе во зградата на Генералната дирекција за пасоши.

Меѓу другото, се наведува дека постои голема веројатност на местото на настанот да се најдат голем број членови на талибанското движење, бидејќи Канцеларијата за пасоши им дава услуги на талибанците во четврток.


„Anadolu Agency“