Европската унија воведе санкции против осум физички и четири правни лица, пишува Службениот весник на ЕУ.
Одлуката е донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
Како што беше соопштено, рускиот државјанин, Сергеј Кузњецов, се најде на списокот со санкции поради неговото наводно учество во борбите во Либија. Освен тоа, беа воведени санкции за руските компании кои работат во Сирија во енергетскиот сектор „Велада“, „Меркур“, „Евро плус“.
Мерките вклучуваат забрана за влез во земјите на ЕУ и замрзнување на средствата, како и забрана за соработка.
Претходно во понеделникот, министрите за надворешни работи на ЕУ одобрија нов режим на санкции, што вклучува воведување ограничувања за наводно поткопување на процесот на политичка транзиција, во Мали.
Москва постојано ги негираше наводите за воено присуство на Руската Федерација во различни африкански земји. Кремљ посочи дека на територијата на Мали нема претставници на руските вооружени сили.
„Dubai-Portal“









