668 казни во еден ден за брзо возење

by Administrator

Во текот на вчерашниот ден полицијата спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 668 возачи.

Од нив 111 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 253 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 415 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

You may also like