Белгиската полиција употреби водени топови и солзавец за да растера група  демонстранти кога наидоа на кордон пред седиштето на Европската комисија. Останатите демонстранти мирно демонстрираа поради воведувањето на поостри мерки за корона.

На протестот се собраа неколку илјади луѓе, од кои некои извикуваа: „Слобода“ и носеа транспаренти против задолжителната вакцинација и со натпис „Обединети за нашата слобода, права и нашите деца“.

Protest Against Coronavirus Restrictions Turns Violent in Brussels | World  News | US News

Белгискиот премиер, Александар Де Крој, во петокот објави дека носењето маска ќе биде задолжително за сите деца над шест години. Децата постари од 10 години досега беа обврзани да носат маска.

Belgian police use water, tear gas on COVID-19 protesters – CBS17.com

Собирите во затворени простории се ограничени на 200. Владата претходно ги затвори ноќните клубови и нареди баровите и рестораните да бидат затворени во 23 часот на три недели.