Семејствата кои дојдоа на скопскиот аеродром се во шок, неверување и солзи додека македонските војници ги пренесуваат со највисоки државни почести посмртните останки во погребалните возила.

Последна почит, оддаваат премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски, домашни и странски делегации и роднини на загинатите. Присутни се и претставници на Исламската верска заедница, како и Македонската православна црква.

Телата за загинатите со 45 погребални возила ќе бидат пренесени кај семејствата, а потоа погребани.

На церемонијата, покрај високи државни функционери, присуствуваат и високи претставници од соседните земји, меѓу кои и претседателката на Косово, Вјоса Османи, министерот за внатрешни работи на Албанија, Бленди Чучи, претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола и други.

Sloboden pecat