Маршот за правда, како што велат од “Аваја” е за полициската бруталност врз неколкумина роми во Битола.

Минатата година во месец септември петмина Роми во Битола беа претепани од страна на полициски службеници. Овој настан беше снимен на видео снимка и кружеше по социјалните мрежи. На почетокот на овој месец Кривичниот суд донесе пресуда по поднесена кривична пријава од страна на МВР против еден полициски службеник за малтретирање во вршење на служба на Невзат Јашаровски.

Со пресудата полицискиот службеник е прогласен за виновен и определена му е затворска казна од една година, вела од здружението. Со протестот се бара пресудата да стане правосилна бидејќи доколку пресудата биде променета тоа ќе значи намалена заштита и слобода на ромската заедница и сите жртви на полициска бруталност. Велат дека бараат и Основното Јавно Обвинителство да ја процесира кривичната пријава во која сите петмина се јавуваат како жртви.

 


„Sitel“