Осомничениот, за кој Интерпол распиша потерница поради обвинение за атентат на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, уапсен е откако е приведен на аеродромот „Истанбул“ во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Самир Хандал, за кого е распишана црвена потерница откако е осомничен за атентатот во кој е убиен Моиз, фатен е на аеродромот „Истанбул“.

Хандал патувал од Соединетите Американски Држави (САД) во Јордан преку Истанбул, а приведен е на аеродромот во 6:55 часот по локално време.

Според инструкциите од Министерството за правда, осомничениот по налог за привремено апсење во траење од 40 дена е префрлен во Главното обвинителство „Гази Осман-паша“, а потоа е пратен во затвор.

Убиството на претседателот Моиз беше изведено на 7 јуни и го турна Хаити во политичка криза.

Претседателот Моиз беше убиен во вооружен напад што група непознати напаѓачи го извела во неговиот дом во Порт-о-Пренс. Потоа привремениот премиер Клод Жозеф прогласи вонредна состојба.

Првата дама на Хаити, Мартин Моиз, беше ранета во нападот и однесена во болница во Мајами, каде што беше на лекување.

Anadolu Agency