Турската домашна вакцина TURKOVAC од 14 октомври почна да се користи кај волонтери. Волонтерите кои претходно биле вакцинирани со две дози од вакцината Синовац, а кои немале Ковид-19, можеле да ја примат вакцината ТУРКОВАЦ како трета доза. Исто така, волонтерите кои се вакцинирани со домашната вакцина велат дека се среќни затоа што можеле да се вакцинираат со „својата“ вакцина, а ги повикуваат сите сограѓани да се вакцинираат со истата бидејќи немале никакви несакани ефекти. . –
Се вакцинирав на 14 октомври. Мислам дека домашната вакцина е многу побезбедна. Сакав на некој начин да придонесам, па се вакцинирав со домашна вакцина. Откако се вакцинирав, не почувствував никакви нуспојави или непријатност, изјави еден од граѓаните. Други волонтери, исто така, ја изразија својата среќа за производството на домашна вакцина и рекоа дека се многу среќни што се вакцинирани со вакцината ТУРКОВАЦ. Успехот на Турција од ден на ден се зголемува, а задоволните граѓани не ја кријат среќата поради тоа.


Anadolija/Balkan News









