Милевски: „Заев деновиве ќе ја достави оставката во Собранието, за десетина дена ќе има нова влада“

by Administrator

Најавената оставка на премиерот Зоран Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар, а за 10 дена веројатно ќе се избере и нова влада, рече лидерот на ЛДП, Горан Милевски, во гостувањето на ТВ Сител вечерва.

Милевски ова го најави откако по неделните избори Заев поднесе оставка на премиерската функција, по што се отворија дилеми дали тој ќе се повлече брзо или ќе тактизира со непредавање на оставката во Собранието до пред Нова година.

Лидерот на ЛДП не исклучува и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.

Милевски потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката за оставката поради лошите изборни резултати. Притоа, тој нагласил дека очекува да се зголемува владејачкото мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива, од која се чека одговор дали ја прифаќа ваквата понуда.

Sloboden pecat

You may also like