За време на средбата меѓу израелскиот премиер, Нафтали Бенет (Naftali Bennett) и рускиот претседател, Владимир Путин (Vladimir Putin), вчера (петок), во Сочи (Sochi), се согласија да се дозволи Израел да продолжи со нападите во Сирија, објавија израелските медиуми.

Министерот за животна средина, Зеев Елкин (Ze’ev Elkin), потврди дека двајцата функционери се согласиле да продолжат со имплементација на механизмот за деконфликти, кој работи за да ги спречи израелските и руските сили да се судрат во Сирија.

Имаше „многу широки“ разговори во врска со ситуацијата во Сирија (Syria) со цел „да се заштити механизмот за координација“, рече Елкин (Elkin).

Елкин рече дека Бенет: „Го претстави својот светоглед за начините за запирање на нуклеарната акција на Иран и зацврстувањето на Иран во Сирија. Беше одлучено да се задржат политиките во однос на Русија (во врска со воздушните напади на сириска територија)”, рекол Елкин, според „Тајмс оф Израел“ („Times of Israel“)

„Русија е многу важен играч во нашиот регион, еден вид сосед за нас на север“, објави Бенет на „Фејсбук“ („Facebook“) по средбата, мислејќи на големото воено присуство на Русија (Russia) во Сирија (Syria).

„Како таков, нашиот однос со Русија (Syria) е стратешки, но и на речиси секојдневна основа и треба да го одржиме овој директен и интимен дискурс“, додаде Бенет (Bennett).


„MEMO“
„Dubai-Portal“