БЕРЛИН (АА) – Во Германија приведени се двајца поранешни војници под обвинение за обид за формирање терористичка организација, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмената изјава на Федералното обвинителство се наведува дека двајца Германци, Аренд-Адолф Г. и Ачим А. се приведени во регионот Брајсгау-Хохшварцвалд во близина на Минхен, во акција каде што учествувале полицајци за специјални операции.

Се наведува дека Аренд-Адолф Г. и Ачим А. сакале да формираат паравоена група и да ја испратат во војната во Јемен. Тие на секој војник му понудиле месечна плата од 40.000 евра.

Двајцата војници планирале да формираат 150-члена платеничка сила со статус на приватна компанија.

Исто така, тие испратиле понуда до Саудиска Арабија за да учествуваат во илегални специјални мисии во Јемен, но властите на Саудиска Арабија не одговориле на нивната понуда.


„Anadolu Agency“