Скандал во Англија: 43.000 луѓе добиле погрешни резултати од тестирање на Ковид-19

0
130

Во една лабораторија во Англија било прекинато тестирањето на коронавирус, откако дошло до сомнеж дека 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати на тестовите.

Покрената е истрага веднаш штом се појавиле информациите за луѓе кои добиле негативни резултати од ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведува тестирање.

„Како резултат на нашата истрага, работиме со компанијата NHS Test and Trace за да ги утврдиме лабораториските технички проблеми што доведоа до тоа луѓето да добијат неточни резултати од ПЦР тестот“, изјави Вил Велфер од британската Агенција за здравствена безбедност.

Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестирања и дека околу 43.000 луѓе добиле неточни резултати во периодот од 8 септември до 12 октомври.


„Dubai-Portal“