Првата дама на Турција и сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган, подготвуваше  кисели краставички заедно со жени од улицата Чубук во Анкара. Жените разговараа со Емина Ердоган и и објаснија како подготвуваат туршија  специфична за нивната улица.

Како мала, Емине и помагала на мајка си да направи кисели краставички, но како што истакнува, досега сама не ги правела. – Отсега сама ќе правам туршија, бидејќи е многу е интересно, изјави првата дама на Турција. Кога му кажала на својот сопруг, претседателот Ердоган, каде оди, тој и рекол: „Нека ми испратат чинијатуршија“. – Ова беше многу убаво искуство за мене, рече Емине и посочи дека е многу вредно и драгоцено што жените од улицата Чубук самите прават домашна туршија.

– Многу се разнежив, навистина, им честитам на сите. Сакам тие да продолжат да ги спојуваат своите успеси и да бидат пример за другите жени, истакна Емине.