Турција ја повтори поддршката за стабилност и просперитет на Либија

0
158

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска ја повтори поддршката на Турција за стабилноста и просперитетот на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

По разговорите со либиската министерка за надворешни работи во турската престолнина Анкара, Чавушоглу на Твитер напиша: „Разговаравме за нашите билатерални односи и прашањата на нашата агенда со нашата прва гостинка денеска, министерката за надворешни работи, Најла Мангуш од Либија.“

„Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и просперитетот на Либија“, вети турскиот министер.

Во врска со претстојните избори во Либија, Чавушоглу истакна дека изборите треба да бидат слободни, фер и веродостојни.

Според Мапата на патот утврдена под покровителство од ОН, парламентарните и претседателските избори во Либија се закажани за 24 декември.

Изборните закони во Либија се различни за Претставничкиот дом, Високиот државен совет, Владата на национално единство и Претседателскиот совет.


„Anadolu Agency“